Vet Expert PUPPY SHAMPOO

600,00 ден

Шампон наменет за мали кучиња и мачиња.

Кученцата и маченцата многу често се валкаат поради нивната младешка палавост и недостаток на умешност за време на бескрајните игри.
Правилната нега на нивното крзно во текот на растењето влијае на нивната состојба и убавиот изглед во следните години. Најпрво, шампонот за кученца и маченца мора да биде многу нежен, за да не влијае на pH вредноста на кожата и да не предизвикува иритација или алергиски реакции.
Кај кученцата и маченцата не треба да користите козметика наменета за возрасни кучиња, или уште полошо, за луѓе.

Шампон за кученца и маченца е дермо – козметички шампон за дневна нега за кученца и маченца, базиран на благи средства за чистење идеални за деликатната и чувствителна кожа на млади животни. Производот ја подобрува еластичноста на кожата и спречува прекумерна сувост.

АЛАНТОЛИН и ПАНТЕНОЛ имаат благотворно и регенерирачко дејство на младата животинска кожа.

ЕКСТРАКТ ОД АЛОЕ – ги смирува иритациите на кожата и има антиинфламаторно дејство.

ОВЕСНИ ПРОТЕИНИ – состојка со својства за кондиционирање, формирање филм, со што се спречува прекумерното испарување на водата од површината. Протеините имаат индиректен навлажнувачки ефект, делуваат на омекнување на кожата и измазнување на крзното и ја подобруваат еластичноста на кожата и сјајот на крзното.

ЕКСТРАКТ АЛОЕ – има навлажнувачки, смирувачки и антиинфламаторни својства, кои го намалуваат црвенилото на кожата.

ЛАНОЛИН – емолиент кој совршено ја подмачкува и ја штити кожата од надворешни фактори.

Упатство за употреба: Навлажнете го крзното со млака вода, нанесете мала количина на шампон на раката, разредете со вода доколку е потребно, нанесете на крзното, направете пена, масирајте приближно околу 5 минути. Заштитете ги очите и ушите на домашно милениче за време на капењето. Исплакнете внимателно. Повторете ја постапката доколку е потребно.

Пакување: 250 ml

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Vet Expert PUPPY SHAMPOO”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Shopping Cart