Vet Expert HYPOALLERGENIC SHAMPOO

Дермо – козметички шампон кој се препорачува за мачки и кучиња со чувствителна кожа, склона кон иритација, алергија, сувост или нетолеранција на други шампони. Може безбедно да се користи за животни во раст.

ПОБАРАЈТЕ КАЈ ВАШИОТ ВЕТЕРИНАР

Шампонот содржи многу благи активни материи, како и низа додатоци за омекнување и  навлажнување.

ОВЕСНИ ПРОТЕИНИ – состојка со својства за кондиционирање, формирање филм, со што се спречува прекумерното испарување на водата од површината. Протеините имаат индиректен навлажнувачки ефект, делуваат на омекнување на кожата и измазнување на крзното и ја подобруваат еластичноста на кожата и сјајот на крзното.

ЕКСТРАКТ ОД АЛОЕ – има навлажнувачки, смирувачки и антиинфламаторни својства, кои го намалуваат црвенилото на кожата.

ЛАНОЛИН – емолиент кој совршено ја подмачкува и заштитува кожата од надворешни влијанија.

ПАНТЕНОЛ – ја забрзува регенерацијата и на кожата и крзното.

АЛАНТОИН – смирува и регенерира.

ХИДРОЛИЗИРАН КЕРАТИН – се вградува во структурата на влакното, создава филм на неговата површина, заштитувајќи го од оштетување и кршење. Додава сјај и здрав изглед. Благодарение на неговата неверојатна способност да ја врзува водата помага да се одржи правилната хидратација.

Упатство за употреба: Навлажнете го крзното со млака вода, нанесете мала количина на шампон на крзното, направете пена, масирајте приближно околу 5 минути. Заштитете ги очите и ушите на домашно милениче за време на капењето. Исплакнете внимателно. Повторете ја постапката доколку е потребно.

Пакување: 250 ml
Пакување: 20 кесички по 15 ml

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Vet Expert HYPOALLERGENIC SHAMPOO”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Shopping Cart